На Инстаграм кесите за ѓубре на Balenciaga од 1.790 долари добија коментар: „Тие припаѓаат… во ѓубрето“
Шпанска модна куќа Balenciaga, во колекцијата Зима 2022 година, ја вклучи и најскапата кеса за отпадоци што некогаш ќе се најде на пазарот. Идејата е на францускиот дизајнер од Грузија, Demna Gvasalia, кој е креативен директор на Balenciaga.
Според сопствениот опис на производот на Balenciaga, торбичката за отпадоци е инспирирана од кеса за ѓубре.


На веб-страницата на Balenciaga таа е означена како „Торбичка за отпадоци“ – а се продаваат за приближно 1.790 долари. Насловот на Инстаграм налогот на магазинот Highsnobiety,кој ја објави информацијата за впечатоците за новиот производ, вклучува и цитат од Gvasalia, во кој се вели: Неможев да пропуштам можност да ја направам најскапата кеса за отпадоци на светот, бидејќи кој не сака моден скандал?
Кога се носат, тие секако изгледаат како вреќи во кои луѓето го фрлаат она што не сакаат да го задржат.
Торбичката за отпадоци не е првото нешто што Balenciaga го нуди „надвор од умот„.
Во 2017 година, Gvasalia создаде парче од 2.145 американски долари, слично на сината шопинг торба Frakta на ИКЕА. По објавувањето, ИКЕА издаде соопштение во кое учтиво подвлече дека оригиналот е далеку поевтин. „Длабоко сме поласкани што торбичката Balenciaga наликува на легандарната, одржлива сина торба на ИКЕА, која се продава за 0,99 американски долари. Ништо не ја надминува нашата голема сина чанта“, изјави портпаролот на ИКЕА за Today./М.М.

 

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.