Човечкото око е фокусот на најновата колекцијата на модната куќа на Alexander McQueen, на дизајнерката Sarah Burton. Модната ревија на која е претставена колекцијата наменета за сезоните пролет/лето 2023 година е одржана минатиот викенд во Лондон.

Според Sarah Burton, колекција е своевидна потрагата по хуманоста и човечката поврзаност. Окото е симбол на таа хуманост, регистар на емоции, израз на уникатност. Нашата облека е дизајнирана да поттикнува, вели таа, објаснувајќи ги зголемените принтови и сликите со рафија на ириси, со зеници и трепки, вметнати во фустани и прелеани преку костими со панталони. Тоа е и поттикот за сопствено поставување на темите со кои куќата McQueen отсекогаш се занимавала: природата и технологијата, длабоката историја и сегашните стравови.


Покрај украсните наративи, изгледите се со чисто, остро кроење. Тоа е она оживување на „бумстерите„ на McQueen ,со напред исечен смокинг и позади избалнсиран за слободно да се движи. Има генерации кои никогаш не слушнале за „бумстери„ кои Alexander McQueen ги има измислено како експлозивна промена на дизајнот на панталоните ос 1990-тите.


Но, за релевантноста на жешката изложеност на торзото и облеката дизајнирана така што се гледаат делови од телото, нема потреба од објаснување.


Sarah Burton ја следеше таа идеја преку различни тактики: во комбинезони со скроена предница, фустани обликувани со повеќеслојни ленти и со отворени простори, како и во полуотворени романтични вечерни фустани.


Во оваа колекција се чувствуваат референците од кодот на McQueen. Sarah Burton дизајнира во поинаков свет, но темите што ги носи и вештините својствени на модната куќа, резонираат повеќе од кога било./М.М.

Модната ревија може да се погледне на следниов линк:

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.