Златните покани повторно пристигнаа кај внимателно избрани гости на The Haute Wed Gala by Atelier Per Sempre, најавувајќи го концептот на годинешното издание, кое ќе се одржи на 30 септември во PARK by Ragusa во Скопје.
По минатогодишниот интерес, Golden Invitations повторно се дел од традицијата на настанот. Во текот на два дена, мистериозниот Господар на галата“ лично им ги доставуваше интерактивните покани на избраните гости.
Поканата не го открива целосно концептот на настанот. Нејзината содржина се открива со специјално подготвен ретро парфем, додека мотивите на полната месечина, елементите на Old Hollywood и инспирацијата од 1920-тите навестуваат дел од атмосферата што ќе ја има годинешната Gala.
Кои познати лица се најдоа на листата на одбраните гости и што точно се крие зад годинешниот концепт засега останува тајна.
The Haute Wed Gala 2026 by Atelier Per Sempre ќе се одржи на 30 септември во PARK by Ragusa, Скопје.
Ексклузивен партнер и дистрибутер на Swarovski за годинешното издание е Royale House Group, а меѓу партнерите и поддржувачите се и Tikveš Winery, SMS Construction, Nescafé, The Macallan, Croatia Airlines, Kosich Studio, Dekoracija Bajka, Fora.mk, MM Sweets, Phonolux, Cloud Lab и Hecho a Mano./M.M.



















