![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2020/12/Maisons-du-Monde-Décorations-de-Noël-2018-6.jpg?resize=800%2C400&ssl=1)
Што е тоа што го прави најдоброто годишно време уште подобро?
Декорирањето на вашиот дом со новогодишни и божиќни украси.
Кога станува збор за празничното украсување на домот, можете да одберете практично сè. Без оглед дали претпочитате да се држите до традиционалната црвена и зелена палета на бои, или, да одите на повеќе изненадувачки комбинации, празничната атмосфера можете да ја внесете во секоја соба од вашиот дом и во градината – секако.
Понекогаш е доволна и само гранка, разубавена со боја за прскање, или, елка од дворот, украсена како за дома. /А.Ј.
Eлка во кошница
Декорација од свеќи
Сијалички наместо свеќи во лампите
Декоративни гранки