Ruthie Davis, познатата американска дизајнерка на обувки со високи потпетици, која долго време е посветена на намалување на еколошко влијание на индустријата за чевли, во својата најнова, пролетна колекција, ги претстави стилските и иновативни високи потпетици, направени од биоразградлива кожа добиена од отпад од јаболка.
Со оваа иновација, Davis го отвора новиот бренд “Bio by Ruthie Davis”, кој користи материјал направен од отпад од индустријата за производство на сок и мармелада. Оваа кожа е потполно различна од традиционалната веган кожа, бидејќи е изработена од природни ресурси, намалувајќи го корисењето на фосилни суровини и во исто време обезбедувајќи издржливост и еколошка одговорност.
Процесот на производство на оваа уникатна кожа е фасцинантен: отпадот од јаболка, кој вклучува кора, пулпа и семиња, се суши и претвора во прав, кој потоа се комбинира со полиуретан за да се постигне изгледот и чувството на кожа.
Во новата колекција Ruthie Davis го користи и материјалот Uppeal™ на Mabel Industries, за да креира два модела на високи потпетици: класичниот Candy, со платформа од 14,5 сантиметри и новиот модел Yardley, со потпетица од 10 сантиметри. Овој материјали е внимателно избран, со цел да ги охрабри потрошувачите да направат одржливи избори, без да се чувствуваат ограничени од високите цени.
Со Bio by Ruthie Davis, правиме чекор напред во стилот—силни, елегантни и одржливо шик, вели дизајнерката. Можеме слободно да кажеме дека нашите потпетици се исто така добри за Земјата, колку што се силни на нашите нозе.

 

You may also like

Comments are closed.