![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/02/Hijaluuron-Pen-1.jpg?resize=761%2C370&ssl=1)
Оние што имаат проблем со инекциите, а сакаат да стават филери, можат да здивнат – пенкалата со хијалуронска киселина, наскоро помасовно ќе се користат за подмладување на кожата и отстранување на брчките.
Со помош на специјалниот клип во апаратот, под притисок, брзо, но нежно, се вбризгува хијалуронот во поткожното ткиво. Апсорбцијата е подобра отколку со игла, што е потврдено во голем број студии спроведени во различни земји во светот.
Во нашата земја со вакво пенкало-вбризгувач работат неколку козметички салони, а најавени се и обуки од АРТ, така што наскоро најверојатно нивниот број и ќе се зголеми./М.М.