Your Turn е најновото поглавје од Eilish Fragrances – топол, дрвенест и свеж мирис во кој доминираат светлиот ѓумбир, кадифената кожа од праска и сандаловото дрво. Направен за секого, овој волшебен мирис ја редефинира разновидноста.

Пејачката Billie Eilish овој февруари го промовираше Your Turn – нов парфем, спакуван во уникатно шише во форма на коцки. Уникатен е и мирисот: комбинира бергамот со кардамон и ноти од свеж ѓумбир. Слатката праска и тропскиот кокос се мешаат со ноќен јасмин, додека сандаловото дрво и мошусот ги формираат основните ноти. Спакуван во еколошката обвивка Envirofoil, овој вегански мирис е без парабени и никогаш не бил тестиран на животни. Секој чекор од изработката на парфемот ја става околината и одржливоста на прво место: од еколошки материјали до употреба на чиста енергија.
Ова е втор парфем на Eilish, по истоимениот, представен во 2021 година. Формата на коцки која го следи името на мирисот – Your Turn – секако е единствено отстапување од стандардните форми на шишиња за парфеми. Објаснувајќи го обликот, Eilish за Cosmopolitan ќе изјави дека се работи за настојување шишенцата со парфеми да се претворат во парчиња што би сакале да стојат независно.
Луѓето веќе зборуваат за Your Turn на социјалните мрежи, а раните тестери особено ја истакнуваат трајноста на парфемот. Комбинацијата на пријатни зимски мириси со лесни летни ноти, овој парфем го крева на повисоко ниво и на употреба без оглед на сезоната. Деталите за достапноста и за продажбата се на billieeilishfragrances.com

 

You may also like

Comments are closed.