Моделот Павле Николовски, веќе добро познат во модниот свет, неодамна се врати од Абу Даби и Дубаикаде што престојуваше две недели. Овој пат нашиот интернационален модел се појави во новата кампања за унисекс накит, создаден од дизајнерката и уметница Јелена Мандиќ, основач на брендот Urijell.

За ова модно искуство Павле вели: Магично и нестварно, Јелена има таква моќ и енергија што, мислам, да и дадете песок ќе го преобликува во злато. Овие фотографии говорат за една исклучителна арапска фантазија, со примеси на франсускиот стил. Колекцијата на накит го носи името Bonbons de Sole (свилени бонбони).

Јелена Мандиќ живее и работи во Франција, а својата инспирација воглавно ја пронаоѓа во природата и низ нејзините патувања.

Македонскиот интернационален модел Павле Николовски е новото лице на брендот Urijell, истакнуваат од неговата матична агенција Моделс Ин Менаџмент.

Дизајнерката и уметница Јелена Мандиќ од секогаш била фасцинирана со стаклото. Како мис на Србија и Црна Гора во 2005 година има учествувано на изборот на Мис на Универзум, кадешто ја освоено стипендеја за мастер студии во странство. Магистерските студии ги завршува на CERAM академијата во ( Antipolis ) Јужна Франција.

Техниката на работа со стакло, позната како Lampwork, започнува да ја изучува и работи кај Claire Bangme, а се усовршува кај еминентните германски, холандски, италијански и американски мајстори за стакло. Lampwork е интересен процес на изработка на стакло кадешто се користи двоен пламен (плин и кислород) за топење на шипки од проѕирно обоено мурано стакло за изработка на накит.

Фотографиите се направени непосредно пред изложбата, во прекрасните делови на Абу Даби. https://www.instagram.com/urijell/

Моделс Ин Менаџмент

 

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.