Во Боцвана е откриен дијамант за кој се верува дека е трет по големина во светот.

Дијамантот со 1,098 карати е покажан и на претседателот Mokgweetsi Masisi, непосредно по ископувањето, од страна на фирмата  Debswana.

Пред пет години, исто во Боцвана, откопан е дијамант од 1.109 карати, кој потоа е продаден на корпорацијата  LVMH.

Боцвана е најголемиот производител на дијаманти во Африка.

“Тоа е досега  најголемиот откриен дијамант во 50 –та  историјата на постоењето на компанијата Debswana, изјави за ББС Lynette Armstrong, извршниот директор на Debswana Diamond компанијата. Прелиминарните анализи говорат дека би можело да се работи за трет по големина и квалитет дијамант на светот.

Debswana е заедничко вложување помеѓу владата и глобалниот гигант за дијаманти De Beers, каде што и до 80% од приходот од продажба оди во државната каса.

Проценката за потенцијалната цена на каменот сè уште не е објавена, но во 2017 година, вториот по големина дијамант Lesedi La Rona е продаден за 53 милиони американски долари.

Најголемиот дијамант досега откриен е Cullinan, 3.106 карати пронајден во Јужна Африка во 1905 година. Снимките на Ројтерс се од преставувањето на дијамантот./М.М.

More in:Вести

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

You may also like

Comments are closed.