Louis Vuitton ја престави машката колекција за сезоните есен/зима 2022 – последна на дизајнерот Virgil Abloh, кој почина по кусо боледување, пред само неколку месеци, во 41. година од животот.

Кога се е завршено и времето исчезнало, оставаме се на оние по нас, за тие да ги бараат своите сништа – ќе забележи поетот Kai-Isaiah Jamal во кусиот филм –прелудиј на модната ревија – осма и последна  на дизајнерот кој толку многу рано замина.

„Имагинацијата, еден од најкористените термини на Virgil Abloh, дизајнерот ја промовираше како човечката способност за формирање на нови идеи кои не се присутни во сетилата.

Промоцијата не беше со идеја да се покажат некои револуционерни дизајни или комерцијално профитабилни модели. Модната ревија беше омаж за придонесот на дизајнерот за Louis Vuitton: кроење на свила и кадифе во живописни нијанси, исчистен монограм тексас, цветни отпечатени комплети, потоа неговите оригинални дизајни на патики и многу преработени чанти, вклучително и класичен багажник и ранци, кои станаа своевидни уметнички предмети. Louis Vuitton со целосно бели ансамбли, крилја од тантела и превез, со тимот на покојниот дизајнер ја затворија ревијата на осмата и последна колекција на  Virgil Abloh со звуците на Kali Uchis – “See You Again”./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.