Д-р.Minal Kabra, од Jalna, Maharashtra, Индија, има долгогодишно искуство во тетманот на детскиот
кариес. Во насока на превентивно дејствување таа дошла на идеи што во последните пет години
успешно ги реализира. Првата се веганси колачиња за деца, а втората нивна оригинална
подготовка – со помош на сончевата енергија.
Така Minal, освен стоматолог, од пред неколку години стана претприемач кој дејствува на два
фронта: започна бизнис со вегански колачиња наречени Kivu , истовремено овозможувајќи
вклучување на жените од руралните простори во својот бизнис.
Колачите се печат на соларен шпорет: „Свесна сум за климатската криза и секогаш се обидував да живеам одржлив начин на живот. Така, решив да користам сончева енергија и за мојот бизнис,
вели младата докторка.
Користејќи го соларниот шпорет- кој има стаклена цевка, сад за готвење и параболичен рефлектор
за да се постигнат високи температури- Minal го усоврши својот стил на печење колачиња.
Зборувајќи за предизвиците, таа вели дека недостапноста на сончева светлина на моменти е
главната пречка за стабилно производство. „Станува потешко за време на монсуните и мораме да го испланираме тој период од производството“, истакна Minal. Но, мило ми е што го започнав овој потфат што се занимава со повеќе прашања и е од корист за голем број луѓе и планетата“.
Регионот Јална има околу 300 сончеви денови годишно така што и за подготовка на колачињата
главно се користи соларната енергија, што е секако целосно еколошки. Во производството на
веганските колачиња секоја година се вклучуват се поголем број жени, овозможувајќи им
финансиска независност. /М. М.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.