Полузатворен, кривулест продолжеток, налик на патека, дел е од реновирањето на вилата која датира од 1930-тите, сместена во Љубљана, Словенија.
OFIS Arhitekti добија задача да го олеснат движењето „внатре-надвор“ на Ring House, вила од 1930-тите, сместена во предградието на Љубљана. За некогашната модернистичка вила е побарано да се подобри нејзината врска со градината, бидејќи немала директен пристап од приземјето.


Од OFIS Arhitekti за магазинот Dezeen посочија дека ги прошириле просторите за живеење со структура налик на градинарски атриум. Клиентите барале да ја прошират куќата кон огромната градина, на предната страна, за да се прошири просторот кој е и внатре и надвор. За таа цел направен е своевиден вкрстен коридор, кој опфаќа дел од градината во внатрешниот „зен“ атриум, едновремено поврзувајќи ја внатрешноста на вилата со отворената градина.


Како дел од проектот на реконструирањето, вратени се некои од оригиналните карактеристики на домот, вклучително и замена на накосениот покрив од 1980-тите, со рамен покрив, што го следи оригиналниот дизајн.
„Како и многу други урбани буржоаски вили од пред војната, оваа куќа од претходните сопственици беше претворена во нешто за што тие веруваа дека е попрактично – велат од OFIS Arhitekti. Ring House сега има сосема поинаков изглед, претставувајќи спој на современата функционалност со оригиналниот дизајн на тогашниот модернистички стил./М.М.

You may also like

Comments are closed.