Од модната куќа Alexander McQueen соопштија дека нивното семејството на Armadillo обувки поторно вклучува и кожени чизми, високи до глуждовите, во повеќе бои и завршетоци.


Новата серија Armadillo чизми, што веќе е во продажба, рачно се изработени во Италија од дрво и од кожа и се идентичи на оние создадени за колекцијата на McQueen за сезоните пролет/лето 2010 година.
Инаку, Аrmadillo обувките, со нагласено „небо„ и висока платформа се создадени од британскиот моден дизајнер Alexander McQueen за неговата последна колекција, насловена Plato’s Atlantis. Од оваа серија постојат само 24 пара: 21 се направени во 2009 година, а три во 2015 година, за хуманитарна аукција во Christie’s Њујорк. Продадени се вкупно за 295.000 преку анонимно онлајн наддавање и донирани на УНИЦЕФ, за помош на тогаш од земјотрес разурнатиот Непал.


Сопственичка на еден од трите пара Armadillo чевли е Lady Gaga, блиска пријателка на покојниот Alexander McQueen. Според поп-ѕвездата, нејзиниот вереник Taylor Kinney победил на лицитацијата на која чевлите биле понудени.
Неколку други примероци од чевлите се изложени во музејот Victoria and Albert Museum во Лондон, во рамките на изложбата Savage Beauty, заедно со други модни парчиња, создадени од дизајнерот во текот на неговата кариера./M.M.

You may also like

Comments are closed.