Нова боја на Pantone, Very Peri, за која се сметка дека поттикнува лична инвентивност и креативност, ги инспирира и дизајнерите за внатрешно уредување.

Имено, модните дизајнери Very Peri ја вклучија во своите колекции, а стилистите и најдоа место и во шминката, како и во тоалетите за вечерни излегувања. Louis Vuitton, Marques’Almeida или Lanvin на Very Peri и подарија должно внимание во своите пролетни колекции, како и во оние наменети за разубавување на домот.

Доколку барате начин за вклучување на Very Peri во вашата околина, најсоодветното решение кое ќе ја промени внатрешноста на домот е да се пребои, или, да се стават тапети на еден од ѕидовите. Very Perry како боја на детали е одлична идеја и за канцеларија, за во домот, во дневната или дури и детска соба, бидејќи според експертите, оваа боја ја буди креативноста.


За прв пат во историјата на програмата, Pantone создаде нова нијанса за боја на 2022 година, нарекувајќи ја Very Peri. Бојата на годината всушност е микс од црвени и сини подтонови кои се комбинираат за да создадат посебна мешавина. Оваа боја е наменета да сподели „безгрижна самодоверба“ и да ја зајакне креативноста и љубопитноста додека светот во оваа, нова година, се обидува да внесе надеж за подобра иднина по пандемијата./М.М.

You may also like

Вести

Една поинаква Zara

Колекцијата пролет/лето 2022 на Zara Studio, составена од сезонски парчиња со ограничено издание е веќе ...

Comments are closed.