
Последното издание на Paris Fashion Week беше сведок на дебито на Haider Ackermann како нов дизајнер на брендот Tom Ford, со колекцијата наменета за есен/зима 2025-26 година. Настанот се очекуваше со особено внимание поради преминот од естетиката на високо октанискиот гламур на дизајнерот Tom Ford кон визијата на Ackermann, како клучна точка.
Колекцијата на Ackermann покажа јасно отстапување од директните референци на претходната работа на Ford, фокусирана на основните категории на облека. Презентацијата започна со силен акцент на дневната облека, претежно изведена во монохроматска палета, со стратешки акценти во црно. Кожата се појави како истакнат материјал, формирајќи ја основата на новиот изглед.
Со представувањето на вечерната облека стана очигледна стручноста на Ackermann во кроењето и во софистицираната употреба на боји. Црното останува значаен елемент, признавајќи ја воспоставената репутација на брендот за елегантни палта. Едноделните комбинезони, со длабоки деколтеа и вечерните фустани, со сатенски детали и цветни украси, понудија нова интерпретација на свечената облека.
Колекцијата ја истражуваше сензуалноста преку отворени фустани и мрежести текстури, постигнувајќи рамнотежа помеѓу привлечноста и префинетоста. Смокинг јакните дополнително придонесоа кон чуство на полираната естетика на облеката. Иако Ackermann изрази резерви кон термините „секси“ и „гламур“ за колекцијата, јасно е чуството што таа го побудува преку понијансиран и пософистициран објектив.
Целата презентација сугерираше потенцијална еволуција на брендот на Tom Ford, движејќи се кон посовремена и експресивна интерпретација на елеганцијата. Фокусот на колекцијата е на кроењето, бојата и префинетата сензуалност, што укажува сериозниот напор да се модернизира естетиката на брендот, а истовремено да се задржат неговите основни вредности./M.M.