ресторанот „Four"

Павле Камилоски, Сара Мејс, Лео Ајдари и Антонија Гиговска се дел од музичката програма кои ќе настапат по повод отворањето на градината на ресторанот „Four” а со тоа ќе бидат дел од хуманитарната акција „Среќна Школска Година” на „Проект Среќа”. Процент од профитот на ресторанот во период од 23-ти до 30-ти јуни ќе биде издвоен за акцијата наменета за децата со социјален ризик.

FOUR Garden

– За нас ова отворање има посебно емотивно значење бидејќи периодов беше тежок како  професионално така и приватно. Голема благодарност до сите гости, соработници, партнери и вработени, кои во изминатите пет години ни дадоа поддршка и лојалност, а тие за нас и во иднина ќе се нашиот приоритет. Со хуманитарната акција на градината ја продолжуваме мисијата како групација и како семејство Малиќи кон поддршка на општеството и маргинализираните групи. Особено ми е драго што собраните средства ќе одат за најмалите, оние кои се со најголем социјален ризик. Секое дете заслужува среќно детство и треба да има еднаков пристап до образование, истакна Алтин Малиќи, еден од сопствениците на Паркленд Хоспиталити Груп.

Алтин Малиќи

Од „Проектот Среќа” најавија дека секоја година ја организираат оваа хумана акција и ова за нив претставува огромна поддршка од страна на бизнис секторот.

– Благодарност до ресторанот „Four” што се дел од оваа хумана акција, сакам да ги поканам сите кои сакаат да бидат дел од акцијата и да земат учество поточно со секоја нивна посета  токму тука во ресторанот ќе биде наменета за обезбедување на училишна опрема и уреди за следење настава за децата во социјален ризик, за кои веќе со години се грижиме, обезбедувајќи им училишна опрема, ранци, и уреди, секоја година, во склоп на нашиот проект ,,Среќна Школска Година”. Сите кои сте во можност дојдете на прекрасните забави, направете резервација, а вашето присуство ќе помогне да усреќиме што повеќе деца и оваа година. Ви благодариме наши прекрасни пријатели, за вашите големи срца и поддршката која ни ја давате секоја година!, истакна Кристина Арнаудова од „Проектот среќа”.

Кристина Арнаудова

ресторанот „Four”

Сите гости, преку уникатно гастрономско доживување од готвачот Елефтериос Далагиоргис, дружење во амбиентот на нова градина, спектакл и ред изненадувања во новиот амбиент, ќе дадат свој личен придонес кон оваа хуманитарна акција.

__________________________________________________________________________________

МодаМода овие текстови ги објавува во оригинална форма и не е одговорна за нејзината содржина.

More in:Вести

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

You may also like

Comments are closed.