
Alien на Thierry Mugler, парфемот – еликсир на мистеријата и на женственоста, одбележува две децении постоење. Создаден од мајсторите на парфимеријата, Dominique Ropion и Laurent Bruyere, во 2005 години, Alien носи со себе мистичен и тукуречи хипнотизирачки аромат, со што се открива светла, креативна и силна страна на жената која го носи.
Сместен во виолетово шише, обликувано како своевиден талисман, парфемот како да е создаден да ја поттикне и открие женственоста, притоа нудејќи исклучителна аура на мистериозност и елеганција.
Alien ги комбинира трите основни мирисни ноти – топлиот, бел килибар во основата, цветниот јасмин од Индија во горните ноти, и дрвенестите ноти во срцевината на композицијата. Овој уникатен микс создава богато мирисно искуство, кое е поддржано со длабока топлина и сензуалност.
Според создавачите Alien е повеќе од парфем – тој е и целосен ритуал. Сега, а по повод јубилејот, стигнува нова препорака која се однесува на парфемската крема за тело, која ја храни кожата и ја подготвува за парфемот. Нанесен на пулсните точки, парфемот е и неодолив и долготрен, создавајќи впечаток на мистериозна енергија која ја опкружува жената како своевидна мирисна аура.
Низ годините Alien стана еден од најпознатите и најпрепознатливи парфеми, специјално дизајниран за рано пролетните романтични вечери, кога во студените денови само се насетува доаѓањето на пролета.
Alien веќе две децении претставува вистински талисман на современата жена, кој одговара на нејзината сила, креативност и мистериозност, нагласувајќи ја нејзината уникатност и сензуалност./М.М.