Од овој месец Лара Иванова, младата, талентирана и успешна пејачка, е ново заштитно лице на онлајн кампањата на Минисо Македонија.
Минисо е популарен продажен бренд за лајфстајл подароци, со достапни над 8000 производи во 11 категории, препознатлив во повеќе земји низ Европа и Азија.
Лара Иванова во новата улога влегува како бренд амбасадор, што за неа е уште едно достигнување на почеток на музичка кариера. Заедно со Минисо имаат соработувано на осум професионални и приватни проекти, со што ова претставува уште еден чекор кон продолжување на соработката.
Минисо Македонија за своите купувачи, кои се и љубители на онлајн купување и за тие што немаат време да одат до продавница, одлучи да им го олесни купувањето со тоа што со оваа соработка, официјално го најавува и својот веб шоп (онлајн продавница).
Доколку некој е нетрпелив и посакува својот шопинг во Минисо да го направи уште денес, во продавницата, којашто се наоѓа во ГТЦ на ул. 13ти Ноември, локал 6 може да направи селекција на забавни, корисни и практични производи.
Минисо, во соработка со Marvel, Mickey & Friends, We Bare Bears, Coca Cola, Walt Disney и уште многу други, имаат свои уникатни производи, како играчки, училишни материјали, чаши, термоси, торби и перници./М.М.