Ретинолот е една од најквалитетните состојки за нега на кожата, препорачани од дерматолози и поддржани од науката. Влијае врз размената во клетките, помага во борбата со лузните, ја намалува хиперпигментацијата, се бори против акните, ги измазнува брчките и го стимулира производството на колаген.

Може да се најде како состојка во состав на низа производи за убавина – серуми и хидратантни креми, затоа што маслата базирани на ретинол навистина ја трансформираат кожата во нејзино најдобро издание.

За сува и дехидрирана кожа, ретинолските масла навистина можат да направат чудо: да ја нахранат кожата и да и дадат нов сјај.  По нанесувањето на ретинолско масло, кожата изгледа како да има добиено три чаши кокосова вода – и таа хидратација трае цел ден.

Еве неколку од производите што содржат ретинолово масло – самостојни или во комбинација со други состојки против стареење.

Маслото од ретинол на Josh Rosebrook содржи две супер- sвезди за нега на кожата: ретинол и витамин Ц, од кои вториот е антиоксиданс кој ја осветлува кожата и помага во борба против хиперпигментација. Со редовна употреба кожата е посветла, помазна и со порамномерен тен.

Neutrogena Rapid Wrinkle Repair Anti-Wrinkle Retinol Face Serum Oil, е против брчки и за обновување на кожата. Лесно се апсорбира, дејствува супер-навлажнувачки и ја прави кожата да изгледа помазна после неколку недели употреба.

Доколку сакате да го насочите вашиот режим за убавина, маслото од ретинол на Absolute Joi е тоа што ќе помогне во осветлувањето, пигментацијата, влажењето и тоа, во една супер нежна формула, заедно со витаминот Ц, што дава сериозни резултати по континуирана употреба./М.М.

You may also like

Comments are closed.