По повод приклучувањето на модната фирма МХК на светскиот бренд Wolford, во ГТЦ во Скопје е одржана коктел модна ревија на која се претставени најновите креации на дизајнерката Merita Harxhi Koci, основач на МНК.
Ревијата ја отвори Билјана Јаневска, водителка и манекенка беше Вера Мештеровиќ, а на пистата беа и Светлана Црнокрак, Ведрана Ѓорѓевиќ, како и манекени од модното студио Моделс Ин.
Модната куќа MHK е основана во септември 2011 година, од модната дизајнерка Merita Harxhi Koci од Приштина, со цел да обезбеди уникатни и ексклузивни фустани со висок квалитет. Првата колекција на MHK е продадена за само две недели.
Застапник на МНК (Merita Harxhi Koci) за Македонија, исто како и за Wolford е Fashion lady. Модната фирма ги застапува и брендовите Palmers и Balizza, а Wolford го застапуваат од 1998 година, кога е и отворен првиот истоимен специјализиран моношоп во ГТЦ, во Скопје./М.М.