Само една недела пред финалето, организаторот на изборот, JKN Global Group, поднесе барање за банкрот.
Мис Универзум за 2023 година е 23-годишната моделка Sheynnis Palacios од Никарагва. Зад себе има повеќе учества на натпревари на убавина: победи на Мис Тин Никарагва 2016 и на Мис на светот Никарагва 2020 година, а била меѓу најдобрите 40 на изборот за Мис на светот 2021година. Студирала комуникации на универзитет во Манагва.


Изборот за Miss Universe 2023 се одржа викендов во Ел Салвадор, со учество на 85 кандидатки. За прв пат во историјата најавата за учество на девојки беше заменета со кандидати и тоа не само поради учеството на мајки, туку и поради трансродови кандидати кои стигнаа до финалето. Станува збор за Мис Португалија, стјуардесата Marina Machete и Rikkie Valerie Kollé, која е првата трансродова Мис на Холандија. Пред публиката се претстави и Мис Непал, која влезе во историјата како прва плус-сајз кандидатка.


Само една недела пред финалето, организаторот на изборот, JKN Global Group, поднесе барање за банкрот. Според пишувањето на New York Post, иако поради вклучувањето на трансродовите лица који се декларираат како жени дошло до бројни контроверзи и проблеми поврзани со и финансиите, организаторите изјавиле дека изборот ќе биде одржан.
Според весникот, се почнало кога лани бизнис тајкунот и трансгендер активнист Anne Jakrajutatip од JKN Global Group платил франшиза од 20 милиони американски долари за организација на изборот на Miss Universe 2023.
Jakrajutatip, како славна трансродова личност, за купувањето вели дека е „силен, стратешки додаток на нашето портфолио“.


Една година подоцна, по бројни организациски и финансиски проблеми, со јавен документ испратен до Берзата на Тајланд JKN Global Group има поднесено барање за рехабилитација на деловното работење до Централниот стечаен суд на 8 ноември 2023 година. Централниот стечаен суд последователно издава наредба за прифаќање на претставката за деловна рехабилитација на Друштвото на 9 ноември 2023 година“.
Организацијата Miss Universe објави и соопштение во кое се вели дека среде „актуелната финансиска ситуација“ настанот ќе биде одржан во Ел Салвадор на 18 ноември 2023 година, „кадешто врвното искуство обезбедено за нашите обожаватели ќе остане наш врвен приоритет„.
Според New York Post од JKN Global допрва треба да одговорат на барањата за коментар за стечајот, неизвесноста за иднината за изборот и реакциите на земјите учеснички во врска со трансродовите лица./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.