Sir Tim Berners-Lee, британскиот компјутерски научник, познат и под прекарот TimBL, го продде оригиналниот изворен код за World Wide Web – во форма на NFT за 5,4 милиони долари.  Аукцијата беше остварена во рамки на аукцијата “This Changes Everything”, која се одржуваше од 23 до 30 јуни и ја реализира Sotheby’s, со почетна цена од само 1000 долари. Според BBC, изворниот код бил продаден за 3.9 милиони британски фунти, односно 5.4 милиони американски долари, и тоа на последниот ден од аукцијата.

Иако кодот на Berners-Lee е отворен од 1993 година, две години откако заживеа првата веб-страница со поддршка за неговиот код, аукцијата е можност да се поседува крајниот, дигитално создаден артефакт.

Датотеките со временските ознаки содржат 9.550 редови оригинален код на програмата, напишан од Tim Berners-Lee. Кодот служеше за основните структури на Интернетот: Hypertext Transfer Protocol (HTTP), Hypertext Markup Language (HTML) i Universal Document Identified (URI).

Покрај датотеките, дел од понудата беше и дигитален постер, направен во Pyhton програмскиот јазик, кој служи како визуелизација на кодот и содржи дигитален потпис на неговиот автор, исто како и писмото, од Sir Tim Berners-Lee, во кое е детално опишано создавањето на кодот, во 1989 година, во време додека работел во CERN, истражувачката лабораторија во Швајцарија. За својата работа, компјутерскиот научник ја доби и титулата Sir  –  Sir Tim Berners-Lee.

Приходите од продажбата ќе одат кон различни хуманитарни организации поддржани од Sir Tim Berners-Lee и неговата сопруга, со што NFT добива нова, хуманитарна функција и влегува во невладиниот сектор./M.M.

More in:Вести

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

You may also like

Comments are closed.