Кожата е најголемиот орган што го поседуваме и му треба кислород за да функционира на најдобар можен начин. Како што одминува времето и способноста на нашата кожа да внесува кислород се намалува.

Бројни се препаратите со који се прават напори за правовремено хидрирање на кожата а меѓу нив е и Dermalogica Phyto Nature Oxygen кремот.

Dermalogica прави исто како што прават растенијата, со нивниот Phyto Nature Oxygen, крем кој дава нов живот на кожата. Тоа е течен навлажнувач за зацврстување и подигнување, кој користи мешавина од ботанички активни супстанции кои го оптимизираат кислородот, вклучително и оној добиен од растение кое успева во средини со ниска содржина на кислород, за да и помогне на кожата подобро да го апсорбира кислородот – за зацврстување и ревитализација, по што кожата  изгледа мазна и силна.

Xидратацијата е клучот за здрава кожата. Внесувањето на Dermalogica Phyto Nature Oxygen кремот во дневната рутина, заедно со користењето на чисти, природни производи, се од голема важност. Хидрацијата е клучна, и заедно со заштитата од сонце и носењето капа, од витално значење се, исто така е и пиењето многу вода и јадењето или цедењето многу зелени производи.

Dermalogica е водечки професионален бренд за нега на кожа, користен од повеќе од 100.000 терапевти за кожа, во повеќе од 100 земји во светот. Постоји од 1986 година, а еден од основачите е Jane Wurwand, терапевт за кожа. Како ко-основач и главен визионер на постдипломските центри за обука Dermalogica и на The International Dermal Institute, Wurwand е една од најпознатите авторитети во професионалната терапија на кожата./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.