ВестиКултура на живеење

Канскиот фестивал заврши но не и скандалите

Иако црвениот тепих во Кан веќе е спакуван, филмскиот свет се соочува со криза што се заканува трајно да ја промени европската кинематографија. Она што започна како мирен протест на француските автори против медиумскиот монопол, по затворањето на фестивалот ескалираше во отворена војна меѓу филмската елита и корпоративните гиганти. Скандалот претставува јасен доказ дека ниту најпрестижните светски манифестации не се имуни на брутална цензура и уцени.

Војната на милијардерот против уметниците

Француската кинематографија со децении се смета за бастион на уметничката слобода, главно поради системот според кој моќните телевизии имаат законска обврска да го финансираат домашниот филм. Сепак, годинава тој систем доживеа сериозен удар.

Колективот на уметници под името „Zapper Bolloré“ покрена петиција против милијардерот Венсан Болоре и неговата медиумска куќа Canal+. Болоре, кој веќе го контролира најголемото филмско студио во Франција – StudioCanal – започна процес за купување на 34 проценти од акциите на UGC – најголемиот синџир на кина во земјата,

Уметниците јавно предупредија дека ова не е обичен бизнис-потег, туку „ преземање на колективната имагинација“ со цел да се наметне политичка агенда во културата пред клучните претседателски избори во Франција во 2027 година.

Заканата што ја шокираше Европа

Наместо смирување на страстите, за време на фестивалот избувна вистински револт откако извршниот директор на Canal+, Максим Сада, упати остра закана на ручекот со продуцентите.

Во официјална изјава Сада посочува дека петицијата ја доживеав како неправда кон неговиот тим кој ја брани независноста. Поради тоа, повеќе нема да соработувам, ниту пак сакам Canal+ да ги финансира филмовите на луѓето што го потпишаа ова писмо, експлицитно вели Сада.

Бидејќи Canal+ финансира дури 85 проценти од филмовите што се натпреваруваат во Кан, оваа изјава е протолкувана како директно воведување „црни листи“ и обид за егзистенцијално уништување на неподобните автори.

Реакција на потписниците

Организаторите на петицијата веднаш возвратија, истакнувајќи дека ваквите закани само ги потврдуваат нивните најголеми стравови од диктатура. Наместо уметниците да се повлечат, заканата на Сада предизвика „домино-ефект“ – бројот на потписници експлодираше од 600 на повеќе од 3.500 филмски професионалци од целиот свет.

Поддршка на француските колеги им дадоа и холивудските ѕвезди Марк Рафало, Хавиер Бардем и режисерот Јоргос Лантимос, кои ја потпишаа петицијата против милијардерот. Познатиот шпански режисер Педро Алмодовар на својата прес-конференција реагираше бурно и го поздрави отпорот против орпоративната цензура.

Француските синдикати на филмските работници веќе покренаа истрага и подготвуваат масовни тужби против телевизијата Canal+ поради незаконска дискриминација врз основа на политичко мислење, што според францускиот закон претставува строго казниво дело.

Како пропадна обидот за „пристојност“ во Кан

Зад кулисите на политичката војна, на црвениот тепих се одвиваше вистинска модна анархија. Со цел фокусот повторно да се врати на филмот, раководството на Кан пред почетокот на фестивалот издаде строг писмен декрет со кој експлицитно се забранува голотијата („од причини на јавна пристојност“) и носењето преголеми тоалети со долги шлепови што го попречуваат движењето и седењето во салите.

Строгата забрана за проѕирна облека целосно е игнорирана. Ѕвездите масовно се појавија во „голи фустани“ (naked dresses). Дејзи Едгар-Џонс шокираше во целосно проѕирна креација на Balenciaga.

Забрана за долги шлепови и волуменозни фустани исо така беше игнорирана со дизајни на уште подолги волуменозни модели. Протоколот и обезбедувањето беа немоќни да ги сопрат актерките, бидејќи тоа ќе предизвикаше уште поголем скандал пред камерите.

Зошто правилата доживеаја дебакл

Модните експерти во Кан оваа непослушност ја објаснија едноставно: ерата на класичниот филмски гламур е завршена и сега владее ера на социјалните мрежи. Фестивалското обезбедување немаше храброст да ги врати најголемите светски ѕвезди од тепихот. Причината е економска – „инстант-виралноста“ на социјалните мрежи и милионските прегледи носат профит за модните куќи што го спонзорираат фестивалот, па така бизнисот уште еднаш ги запре строгите правила на Кан.

Канскиот фестивал во 2026 година заврши но бранувањата од Кроазета допрва ќе се чувствуваат.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.