Sir Tim Berners-Lee, британскиот компјутерски научник, познат и под прекарот TimBL, го продава оригиналниот изворен код за World Wide Web – во форма на NFT. Аукцијата ќе трае од 23 до 30 јуни, ќе ја реализира Sotheby’s, со почетна цена од 1000 долари, иако се смета дека продажбата ќе го урне постојниот рекорд постигнат на NFT аукција од 60 милиони долари.

Пред три децении, создадов нешто што, со помош на голем број соработници ширум светот, стана моќно средство за човештвото, а NFT е идеален формат и најдобро средство за сопственост што постои, смета Berners-Lee.

Иако кодот на Berners-Lee е отворен од 1993 година, две години откако заживеа првата веб-страница со поддршка за неговиот код, аукцијата е можност да се поседува крајниот, дигитално создаден артефакт.

Датотеките со временските ознаки содржат 9.550 редови оригинален код на програмата, напишан од Tim Berners-Lee. Кодот служеше за основните структури на Интернетот: Hypertext Transfer Protocol (HTTP), Hypertext Markup Language (HTML) i Universal Document Identified (URI).

Покрај датотеките, дел од понудата ќе биде и дигитален постер, направен во Pyhton програмскиот јазик, кој служи како визуелизација на кодот и содржи дигитален потпис на неговиот автор, исто како и писмото, од Sir Tim Berners-Lee, во кое е детално опишано создавањето на кодот, во 1989 година, во време додека работел во CERN, истражувачката лабораторија во Швајцарија. За својата работа, компјутерскиот научник ја доби и титулата Sir  –  Sir Tim Berners-Lee./М.М.

More in:Вести

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

You may also like

Comments are closed.