ВестиКултура на живеење

Како Меган Маркл стана „Војвотка на промашувања“

Од џемови до поло спорт: амбицијата без покритие брзо ја отуѓи публиката од бесконечните проекти на Војвотката од Сасекс

Некогашниот златен пар на светската шоу-бизнис сцена, принцот Хари и Меган Маркл, се соочуваат со сериозни финансиски и професионален предизвици во Холивуд. По серијата пропаднати договори со стриминг гигантите и острите критики од јавноста, водечките американски медиуми и инсајдери од индустријата прогласија крај на нивната златна ера, а војвотката од Сасекс јавно ја етикетираа со нов, нималку ласкав прекар – „Војвотка на промашувања“ (Duchess of Flops).

Кризата кулминираше откако угледниот магазин Rolling Stone објави дека парот официјално влегол во својата „флоп ера“, објаснувајќи дека публиката го губи интересот за нивните проекти кои главно се сведуваат на критики кон кралското семејство.

Губење на милиони и етикета „измамници“

Првиот голем удар парот го претрпе кога музичкиот гигант Spotify ја прекина соработката вредна 20 милиони долари на подкастот на Меган, наречен Archetypes по само една сезона. Раскинувањето на договорот беше проследено и со јавен скандал кога директорот на оваа платформа, Бил Симонс, пред милиони слушатели ги нарече „евтини измамници“ (grifters) затоа што за три години не испорачале речиси никаква содржина, со што ги нарушиле договорните обврски.

Ништо подобро не помина ниту соработката со Netflix. Иако договорот беше вреден речиси 100 милиони долари, оваа компанија целосно го прекина финансирањето на лајфстајл брендот на Меган. Покрај тоа, нејзиното кулинарско шоу “With Love, Meghan” доживеа катастрофа на платформата IMDB со понижувачка оценка од  2,7 од 10, додека гледачите на социјалните мрежи сурово ја обвинија дека речениците, естетиката и концепцијата ги препишала од емисијата на Памела Андерсон. Масло на огнот додаде и коментарот на кулинарската икона Марта Стјуарт, која по повод готвењето на Меган кратко изјави: “Се надевам дека воопшто знае за што зборува”.

Стрмоглав пад на гледаноста на Netflix

Иако нивниот воведен документарец “Harry & Meghan” од 2022 година ги собори рекордите како најгледана документарна премиера во историјата на Netflix со 81,5 милиони часа стриминг во првата недела, секој нареден проект забележа драстичен пад. Документарната серија “Live to Lead” (Да се живее за да се води) , од декември истата година, целосно потфрли и не успеа да влезе ниту меѓу Топ 100 најгледани наслови. Самостојниот проект на Хари за воените ветерани “Heart of Invictus” помина уште полошо – и покрај милионскиот буџет, серијата забележа занемарлива гледаност, што беше јасен сигнал до челниците на Netflix дека публиката покажува замор и дека повеќе не сака да плаќа за содржините што парот ги пласира.

Принцот Хари во „златен кафез“ на јавноста

Додека Меган се бори со деловните неуспеси, извори блиски до парот откриваат дека принцот Хари минува низ длабока лична и емоционална криза поради начинот на кој се прикажува во јавноста. Според наводите на инсајдерите кои ги пренесува RadarOnline, Хари чувствува огромен притисок и траума поради „немилосрдната желба на Меган да ги претвори во Инстаграм ѕвезди“. Аналитичарите на однесување истакнуваат дека на неодамна објавените неформални фотографии јасно се гледа неговата нелагодност и дека тој „буквално се повлекува“ додека Меган од нивните интимни моменти прави перформанс за следбениците. Принцот и во своите мемоари “Spare” (Резерва) ја опиша славата како „отмен затвор“, а инсајдерите тврдат дека тој сè потешко поднесува што сопругата го „парадира пред камерите“ за промоција на пропаднатите бизниси.

Синдром на „Диктаторка на штикли“ и бизнис пред банкрот

Покрај семејните тензии, американските медиуми ја открија и мрачната страна на работата со војвотката. Водечкиот холивудски магазин The Hollywood Reporter објави голема истрага во која поранешните вработени ја опишаа Меган како „диктаторка на високи штикли“ која не прима совети, лесно избувнува и „доведува возрасни мажи до солзи“. Поради лошото работно опкружување, нивната компанија Archewell за кратко време ја напуштија голем број клучни менаџери и ПР експерти.

Последен во низата промашувања е нејзиниот лајфстајл бренд, неодамна ребрендиран во As Ever, кој според податоците на аналитичката компанија Similarweb бележи пад на посети на сајтот од дури 33%. Наместо глобална империја, брендот во моментов се соочува со магацини полни со непродадени луксузни џемови, мед и чаеви вредни 5,2 милиони фунти, на кои набрзо им истекува рокот на траење.

Инсајдерите од Холивуд потврдуваат дека парот забрзано ја губи поддршката од елитата. Додека на нивната свадба седеа големи ѕвезди, денес моќните агенции и холивудските А-листери ги избегнуваат на забавите, сметајќи го нивниот бренд за „токсичен“ за соработка.

Последен: пропадна и „Поло“ – сламката на спасот

Како последен очајнички обид да се направи пресврт на низата неуспеси и да се оправда договорот од 100 милиони долари, Netflix кон крајот на минатата година ја лансираше документарната серија „Поло“. Иако проектот беше најавуван како последна шанса за нивната профитабилност, во пракса се потврди она на што предупредуваа аналитичарите – овој екстремно елитистички спорт ја нема силата на „спасител“ на нивните кариери. Наместо универзална човечка драма која привлекува масовна публика, гледачите добија увид во свет кој им е целосно туѓ и недостапен, што само дополнително ја нагласи одвоеноста на парот од реалноста./M.M.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.