Иако најчесто не се смета за таков, а би требало, перницата е личен предмет. – Добрата перница може да го трансформира квалитетот на спиењето. – Перниците треба често да се менуваат, а оние со алергии, тоа треба да го прават често – и пред секои две години

Наоѓањето на најсоодветната, најдобрата перница може да трае и да чини многу немирни ноќи. Може да е причина за вкочанетост и болки во вратот или во рамото. Често се заборава дека перницата е личен предмет и дека често треба да се менува. Малку е познато и дека од различните навики за спиење зависи и каква перница е потребна.

Дали спиете на грб или на страна, дали се „прегревате„ во текот на ноќта? Дали сакате да спиете на мек облак од пердуви,  или, мемориската пена е посоодветна за вас?

Додека повеќето компании за постелнина нудат различни видови перници – со опции и механизми за ладење и различни облици – најважно е да се знае дека најмногу треба да се внимава на формата и на цврстината. Добрата перница ги одржува вратот и ‘рбетот усогласени во рамна положба и е доволно пријатна за да ве држи во длабок сон цела ноќ.

Оние кои спијат на страна треба да се решат за цврста и густа перница, оние што спијат на стомак најдобро ќе се потпираат на мека и тенка перница, а оние на грб имаат малку поголема флексибилност, се препорачува средна, комбинирана перница.

Бидејќи ви се „лулка„ на вратот, мемориската пена, поради различните облици и цврстини, како и антиалергиски карактеристики, генерално е најдобра за спиење на грб, но тука ги вклучивме и оние кои спијат на стомак или на страна./M.M.

 

More in:Вести

You may also like

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

Comments are closed.