Bobe's bakery

Кадаиф: фин, мек и вкусен десерт по потекло од Палестина, кадаифот во различни варијанти се приготвува во земјите во Медитеранот и на Балканот. Турскиот и грчкиот кадаиф, на пример, го дегустираат задолжително туристите како колач што се подготвувал со векови. Нашиот е поинаков и – веруваме, ќе ви се допадне. 

Bobe’s bakery

   Состојки:

  • 500 гр свеж кадаиф
  • 200 гр путер
  • 150 гр сецкани ореви
  • 100 гр, суво грозје отстоено во рум.

Шербет:

  • 750 гр шеќер
  • 1 л вода
  • по избор малку сок од лимон
  • ванилин шеќер

Крем-ванила:

  • литар млеко
  • 13 лажици шеќер
  • Јајце
  • 5 лажици густин/брашно
  • 2 пакувања ванилин шеќер
    •  Декорација:
      • 200 мл. слатка павлака

      Bobe’s bakery

      Подготовка: Кадаифот искршете го на ситно. Се топи путер и се посипува кадаифот. Се промешува со раце, за да се впие путерот. Нанесете половина кадаиф на тава, потоа ставете од оревите и сувото грозје, па врз нив ставете го останатиот кадаиф. Печете во загреана рерна (180 ° C) околу 20 минути додека кадаифот не добие златно-жолта боја. Додека се пече кадаифот, направете шербет. Откако ќе зоврие шеќерот со водата, варете го уште 15 минути, за да стане густ. Потоа истурете го шербетот над печениот кадаиф.

      Bobe’s bakery

    • Крем – ванила:

      Литар млеко, со десет лажици шеќер, се вари до зовривање,  потоа се додава постепено претходно подготвена смеса од едно јајце матено со три лажици шеќер, пет лажици густин и 50 мл. ладно млеко. Температурата постепено се намалува, кремата се меша додека да згусне. Пред крај во кремот се додаваат две пакувања ванилин шеќер.Топлиот фил може веднаш да го истурите врз кадаифот и оставете 1 час да се излади.Изматете 200 мл. слатка павлака и намачкајте го на оладениот фил и посипете со ореви. Наздравје!/Б.Б.

      Bobe’s bakery

ММ кујна

Чиа пудинг

Започнете го денот со перфектен, вкусен и хранлив појадок што подолго време ќе ве држи ...

You may also like

Comments are closed.