На големиот „Есенски базар“, што во организација на Скопје City Mall ќе се одржува од 17 до 20 овој месец, ќе учествуваат 28 занаетчии и ракотворци.
На базарот ќе земат учество занаетчии и ракотворци кои нудат широка палета производи, уметници, кои не се плашат да експериментираат. Преку своите дела, уметниците ги раскажуваат своите приказни, на концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие.
На базарот ракотворците ќе се претстават и со аксесоари изработени од кожа, керамички дизајни, восочни фигури, рачни везови, производи од природна мерино волна, маици со оригинални принтови, украси од дрво, рачно изработени ранци и чанти и аксесоари за миленици./М.М.
More in:Вести
Trump и модната индустрија
Враќањето на Trump на власт за модната индустрија отвора нови перспективи но и предизвици. Donald ...
Wolt наскоро во Македонија
Wolt, иновативната технолошка компанија и платформа за локална испорака на храна и малопродажба, слави 10 ...
Hello Kitty го прославува 50-от роденден
Hello Kitty, еден од најпрепознатливите ликови на поп-културата, прослави пет децении постоење. Слаткото девојче од ...
Нов пад на Kering групацијата – 16 проценти само во третиот квартал
Постојаниот пад на продажбата на Gucci, особено на кинескиот пазар, како и товарот на скандалите ...