Ана Франгова

Со впечатлива фотосесија, младата дизајнерка Ана Франгова ја претставува својата прва колекција наречена „Едно со природата“ (One with the Nature).

Инспирирана од седумдесеттите и хипи-движењето, Франгова го осмислува и претставува тој период на начин на кој таа денес го доживува.

Ана Франгова

Како голем вљубеник во природата и во спектарот на бои што го создава секое изгрејсонце и зајдисонце, се обидов да ја доловам таа убавина низ боите на материјалите и несекојдневните кроеви на парчињата, истакнува Франгова, кои прават една целина со природата, а сепак се носливи во многу прилики. Оттаму и произлезе самиот наслов на колекцијата.

За комплетен впечатокот за претставувањето на колекцијата пред јавноста, младата дизајнерка посочува дека е создаден тим со идеја да се долови тој слободен, авантуристички дух од седумдесеттите: желбата за патување, застанување и уживање во природата по пат, кога се собирале луѓето да слушаат музика, да свират, да пеат и да уживаат во животот. На замислата се работеше долго време за развивање на визијата и постигнување на крајниот резултат, вели Франгова – и мислам дека успеавме да го доловиме и прикажеме сето она што го замислував.

Ана Франгова

За определбата да стане дизајнер Ана  Франгова истакнува: како и секое дете, сите имаме желби и амбиции да бидеме нешто кога ќе пораснеме, па така мојата желба беше модата. Секојдневното пронаоѓање на винтиџ облека во плакарот на мајка ми придонесе мојата љубов кон стиловите и облеката низ годините да станува се поголема. Кога ја видов рекламата за студирање моден дизајн во Џолев и уметностите, сфатив дека тоа беше знакот што ми е потребен и така почнав да работам на остварување на мојот сон и да почнам да работам на мојата прва колекција./M.M.

Ана Франгова

Ана Франгова

Ана Франгова

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.