
Терапиите со егзосоми ветуваат регенерација на кожата и обновување на косата на клеточно ниво, поставувајќи ги како потенцијална алтернатива на ботоксот и на традиционалните антиејџинг третмани.
Во светот на естетската медицина се појавува нов тренд што ветува длабока регенерација на кожата и обновување на косата – терапија со егзосоми. Според водечки американски естетски хирурзи, оваа технологија има потенцијал да стане „Светиот грал“ на антиејџинг процедурите, надминувајќи го по својот ефект и ботоксот .
Егзосомите се наночестички кои ги лачат клетките за меѓусебна комуникација. Тие се богати со липиди, протеини и нуклеински киселини, вклучително и РНК и најчесто се добиваат од матични клетки. Во медицината се истражуваат за обновување на ткива, а во дерматологијата се користат за подобрување на структурата, дебелината и квалитетот на кожата, како и за стимулирање раст на косата.
Иако сèуште се чека на одобрението од Американската администрација за храна и лекови (FDA) за употреба на американскиот пазар, дерматолозите во азиските земји веќе ги вклучуваат егзосомите во своите практики, најчесто по ласерски третмани или микрониделинг. Некои пациенти пријавиле забележителни резултати по само една сесија , како побрзо зараснување, подобар квалитет на кожата и нов раст на косата.
За разлика од постојните методи како PRP (плазма од сопствена крв) или радио-фреквенциска терапија, егзосомите имаат предност бидејќи не предизвикуваат воспаление или оток. Дополнително, тие може да се добијат од различни извори – растителни, животински, па дури и донаторски ткива, што ги прави поуниверзални.
Сепак, експертите предупредуваат на потребата од внимателност. Начинот на екстракција, складирање и прочистување на егзосомите сè уште не е стандардизиран, што може да доведе до ризици, како несакани клеточни реакции. Поради зголемената побарувачка, некои клиники наплатуваат и до 6.000 долари по третман, без да понудат транспарентност околу потеклото на егзосомите.
Најновите трендови доаѓаат од Јужна Кореја, каде што овие терапии веќе неколку години се применуваат како додаток на разни третмани. Популарни се и егзосом-серумите за домашна нега на кожата, како што се линиите од познатите козметички брендови, како Barbara Sturm и Angela Caglia. Barbara Sturm има линија за Exoso-metic нега на кожата, со „екзосоми и активни состојки со фактор на раст“. Новиот Cell Forté серум нубавинаа Angela Caglia користи мешавина од вистински егзозоми добиени од човек, измешани со синтетички егзозоми, цитокини и фактори на раст на епидермисот.
И покрај големите очекувања, научниците предупредуваат дека сме само на почетокот од истражувањето. Потребни се повеќе клинички испитувања за да се разберат долгорочните ефекти од овие терапии и нивната безбедност.
Ова е иднината на естетската медицина, вели д-р Џенифер Левин (Jennifer Levine), водечки пластичен хирург во Њујорк. Но, колегите додаваат: Иднината може да биде светла, но треба да и пристапиме со претпазливост./М.М.