Британското архитектонско студио Foster + Partners е создавач на овој дом за кучиња од црешово дрво. Како потврда на занаетчиството и на фината изработка од дрво, рачно е направен од Benchmark, водечкиот англиски производител на мебел. Внатрешноста е во форма на чинија, со флексибилна отстранлива облога, која ја следи геометријата на школка, создавајќи пријатен и практичен ентериер.

Нивната идеја за дом за куче ќе учествува во натпреварот„Single Kennel Design Award“, организиран од Goodwoof, евент и организација чија цел е грижа за кучињата. Идејните решенија кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат на аукција, во недела на 29 мај. Сите приходи од продажбата ќе бидат донирани на Goodwoof, Dog’s Trust.

Norman Foster, основач и извршен претседател на Foster + Partners, изјави дека им е задоволство што се вклучени во годинешниот Goodwoof Dome-Home и дека нивниот дизајн во вид на школка претставува архитектура во минијатура.
https://www.fosterandpartners.com/news/archive/2022/05/foster-partners-designs-dome-home-dog-kennel-for-goodwoof/
Foster + Partners е британска архитектонска, инженерска и дизајнерска куќа, основана во 1967 година. Тоа е најголемата архитектонска фирма во ОК, со над 1.500 вработени, во 13 студија ширум светот./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.