Александар Ристовски Принц
  1. Што во моментов најмногу те возбудува во животот?

Се она што ми било банално и површно, се уморив од филозофии без покритија.

  1. Кога чувствувате дека сте креативни – наутро или навечер?

Секогаш наутро од 04ч до 08ч, а навечер, ако останам буден, после 02ч кога се ќе се смири.

Александар Ристовски Принц

  1. Што слушате кога слушате музика?

Имам убава колекција на плочи, но во последно време исклучиво свирки во живо на добри фанк/џез бендови ко Ghost Note на пример.

  1. Кој е вашиот талент за кој луѓето можат да се изненадат кога ќе знаат дека го имате?

Ко мал зборував наопачки и сеуште често така ги слушам зборовите, од крајот нанапред.

  1. Каде се чувствувате како да сте во вашето лично најдобро издание?

Во музиката и тоа секогаш во грувот, во дисонанците, тензијата, да гази со тешка нога и да ти прави грда фаца на лицето као да смрди нешто. Сите мелодиски и хармонски инструменти за мене се удирачки инструменти, се е тоа само перкусија во која може да има скриено мелодија и хармонија.

Александар Ристовски Принц

  1. Кој е најтешкиот предизвик што некогаш сте морале да го надминете?

Егото. Љубовта го буди од мртви.

  1. Со што сте опседнати во моментов?

Мојот живот си е еден долг момент. Музика и секс. Во нив ќе ги најдете и сите останати работи.

  1. Имате ли нов проект – што може да се очекува со него – доследност или нова страница?

Двете, само предизвик може да ме натера да започнам нешто.

  1. Соработувавте со многу значајни личности – кој остана на списокот со желби?

Вукашин Маркович, за малце ќе се случеше, но јас сакав одма да се сработи, а он имаше термини во студио за новиот албум на IrieFM. Сакав Тромбон да ми свири во „Спремна си ти за FUNK“, покрај пеач и добар тромбонист е.

  1. Што е нешто што сепак би сакале да го научите?

Во секоја работа има ситници и детали за учење доколку имаш интерес. Се ме интересира. Секој ден учам по нешто, додека наскоро не почнам секој ден да заборавам по нешто, хаха.

Александар Ристовски Принц

  1. Кој е вашиот омилен аспект на вашата работа?

Се може да биде и поинаку.

  1. Што е најтешко во врска со вашата работа?

Најтешките работи кои се поврзани со мојата работа би требало да не се моја работа. Пласман и дистрибуција.

  1. Кој е најчесто користениот збор во модата во моментов?

Дрољски, за жал.

  1. Кое е модно правило со кое целосно не се согласувате?

Дека е возможно да се стокмиш, а воедно да си внатре културуолошки шуплив. Цури сељачко и глупоќа од сите страни, залудно е.

  1. Кое парче секоја маж треба да го има во својата гардероба?

Некој женски детал. Стереотипен мачо е досаден.

Александар Ристовски Принц

  1. Без кои три работи не излегуваш од дома?

Убава вибра, список на обврски и саат на рака.

  1. Кога си во кујна, што подготвуваш најчесто?

Па скоро се, освен некои манџи/чорби во кои не сум комотен сеуште, но учам.

  1. Како би го опишале вашиот личен стил?

Како се чувствувам, така и изгледам, без разлика што носам на себе.

Александар Ристовски Принц

  1. Кој парфем го користиш во моментов?

Па шарав малце за да сменам, ама пак се вратив на Армани Код.

  1. Кој е трендот што посакувате никогаш, никогаш да не се врати?

Се што е во моментов, во однос на женската мода. Машката не ме ни интересира. /M.M.

You may also like

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

Comments are closed.