Убавина и здравјеУбавина вести

Дали редовно го бричите лицето – ги прашуваат жените, претставувајќи го Дермапланингот

Дермапланинг

На социјалните мрежи во тренд е дермапланингот, односно своевидно бричење на целото лице – на жените!

За повеќето жени, кои имаат проблеми со влакната, воглавно над усните и на брадата, па одат на разни третмани и употребуваат различни техники, дермапланингот е нешто многу тешко прифатливо. Но, за многу други, што деновиве на социјалните мрежи поставуваат свои видеа, со претставување на целиот процес, тоа станува нова хит рутина во нега на лицето.

Дури, се спомнува дека и Мерлин Монро и Елизабет Тејлор редовно ја употребувале оваа техника за одржување на убавината.

Дермапланингот е техника за пилинг што се користи за гребење на горните слоеви на кожата (за да се осветли и да се овозможи продуктите да навлезат подлабоко во кожата, објаснуваат дерматолозите.

Иако многумина објаснуваат дека се работи за „бричење“ на лицето, треба да се истакне дека не се користи стандарден брич, туку алатка за дермапланирање, што е достапна за купување за домашна употреба.

Токму, достапноста на некој начин го објаснува зголемениот интерес и популарноста на оваа техника.

Но, експертите јасно посочуваа дека се работи за „Техника што најдобро ќе ја направи некој професионално обучен, не само за да се процени соодветноста на кожата за ваков вид третман, туку и за да се намали високиот ризик од сечење и иритација. Во професионалните третмани се користат хируршки сечила, кои се поостри и правилно стерилизирани, а техниката често трае со месеци за да се усоврши и да биде безбедна за употреба.

Ова се само некои од навистина многуте видеа на темата дермопланинг, од кои самите можете да видите за каков третман станува збор:  https://www.youtube.com/watch?v=ALqrzyA15XA, https://fwpsa.com/benefits-of-dermaplaning/, https://www.youtube.com/watch?v=zBi6ban54cE

 

You may also like

Comments are closed.