Од 20 до 22 февруари, посетителите ќе можат да ги видат најновите модели венчаници, костуми и свадбени услуги
Четиринаесетото издание на Саемот за венчавки „Во Бело“ ќе се одржува од 20 до 22 февруари 2026 година во хотел „Александар Палас“ во Скопје, носејќи ги на едно место најновите модели венчаници, костуми и свадбени услуги од земјата и регионот.
Посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат најновите модели на венчаници и костуми и да добијат подароци и ексклузивни понуди. Организаторите истакнуваат дека тридневниот настан е наменет да им помогне на идните младенци да ги најдат сите детали за својата венчавка на едно место, во рамките на еден викенд.
Саемската програма е збогатена со модни ревии, презентации и тематски разговори, а целиот настан ќе го води водителката и актерка Ангела Апостоловска. За време на саемот, изложувачите ќе понудат ексклузивни саемски попусти и поволности, достапни само за посетителите на Саемот за венчавки.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.