Одбраните колекции на часовници и накит за мажи и жени на Ralph Lauren сега можат да се видат и во нивната нова виртуелна продавница : https://ralphlaurenvirtualstores.com
Сето претставено е одраз на одличната хоролошка изработка и експертиза за накит во светот на Ralph Lauren , а виртуелната прошетка само го надополнува тој впечаток.

Корпорацијата Ralph Lauren е глобален лидер во дизајнот, маркетингот и дистрибуцијата на облека, додатоци, дом, парфеми и угостителство. Повеќе од 50 години, репутацијата и препознатливиот имиџ на Ralph Lauren постојано се развиваа на се поголем број производи, брендови и меѓународни пазари. Имињата на брендовите на компанијата, кои вклучуваат Ralph Lauren Collection, Ralph Lauren Purple Label, Polo Ralph Lauren, Double RL, Lauren Ralph Lauren, Polo Ralph Lauren Children и Chaps, меѓу другите, претставуваат едно од најпознатите светски фамилии на потрошувачки брендови.

Под раководство на меѓународно познатиот дизајнер Ralph Lauren , брендот има значително влијание врз начинот на облекување на луѓето и начинот на кој модата се рекламира и слави низ целиот свет./М.М.

You may also like

Comments are closed.