Пазарот на дигитални недвижности полека но сигурно расте, паралелно со интересот за метаверс дигиталниот, паралелен свет. Така виртуалниот имот на Decentraland, еден од двата доминантни метаверса, на 23 ноември го промени сопственикот за рекотни 2,4 милиона долари, во крипто валута. Веста ја потврди и купувачот, крипто инвеститорот Tokens.com Corp.преку својата подружница  Metaverse Group.

3D виртуелниот простор, каков што е Decentralend, на купувачите им овозможува купување земјиште, посета на изградените објекти, прошетки и запознавање на луѓето, во форма на аватари.

Платформите на кои се нуди паралелна стварност, стануваат се популарни и генерално користат блокчејн како средство за работа. Платформата на Decentraland, односно виртуелното земјиште и сето изградено , го користат незаменливиот токен (NFT), за промена на сопственоста,  што купувачите можат да го добијат, користејќи ја криптовалутата на  MANA плафтормата.

Виртуелната недвижност што на 23 номеври ја купи Tokens.com  се наоаѓа во областа  „Fashion Street“ на Decentralend и ќе се користи за оржување на дигитални модни настани и продажба на виртуелна облека на аватарите. „Fashion Street“ се состои од 116 парцели со површина од 5,5 квадратни метри.

Она што го нуди Decentraland е децентрализирана 3D виртуелна реалност  составена од дури 90,601 парцели витруелна земја. Виртуелниот имот на платформата е во форма на NFT и може да се купи со MANA, криптовалутата, базирана на Ethereum блокчејн./M.M. https://play.decentraland.org/

 

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.