Bvlgari и MB&F создадоа пригодна, празнична колекција часовници со која, според познавачите, сосема успешно се споени добро познатата Bvlgari медитеранска топлина и луксуз, со радикалните и комплексни механизми на MB&F.

Оригиналната серијата часовници ја карактеризираат скапоцени камени и турбин сместен под агол од педесет степени, со што времето е видливо само на сопственикот на часовникот.
Тродимензионалноста е обезбедена со куполата која го опфаќа просторот на конструкцијата и вградените скапоцени камења на часовникот.
Опругата овозможува 100 часа резервна енергија. Сублимирано, Bvlgari и MB&F создадоа исклучително вредна и ретка креација на серија од само 20 часовници, изработена со извонредно знаење и умеење инкорпорирано од двете куќи./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.