Peter Hawkings е новиот креативен директор во Tom Ford. Hawkings е долгогодишен соработник на Tom Ford и има голема улога во успехот на брендот. Новиот креативен директор ја започна својата кариера во Gucci во 1998 година, под раководство на дизајнерот Tom Ford, пред да се приклучи на неговиот бренд, во 2006 година.
„Во Peter Hawkings брендот го најде совршениот креативен директор“, се вели во соопштението на модната куќа Ford.
Откако во средата ја повлече последната архивска колекција на дизајнерот Tom Ford и поранешен сопственик на брендот, од модната куќа го објавија новото извршно раководство, откако Estée Lauder го заврши процесот на купувањето.
Во новото раководство Guillaume Jesel е назначен за претседател и главен извршен директор на брендот, а Peter Hawkings е именуван за нов креативен директор. Компаниите Estée Lauder во петокот соопштија дека го завршиле купувањето на Tom Ford, за 2,8 милијарди долари. Zegna Group ќе го лиценцира бизнисот со мода и додатоци, додека Marcolin Group ќе го лиценцира бизнисот со очила./M.M.