Bruce Campbell, електро инженер го оствари својот сон –  преуредениот Boeing 727 за 220,000 долари стана негов дом.

Bruce Campbell го купил авионот пред две децении но дури откако е пензиониран ја довршил работата околу преуредувањето на локацијата во Портланд, Орегон.

Тој поминува по шест месеци живеејќи наизменично помеѓу Портланд и Јапонија.

Покрај сегашната авион-куќа, Campbell се надева дека ќе купи и поголем Боинг 747-400 за да го претвори во негов дом во Мијазаки, Јапонија. „Не сакам да навредам, но дрвото според мене е страшен градежен материјал“, напиша Campbell на својата веб-страница. „Но, пензионираните патнички авиони можат да издржат ветрови од 575 км / час и се многу отпорни на пожар, а и обезбедуваат супериорна безбедност. Тие се едни од најдобрите структури што човештвото ги има изградено досега“.

Кокпотот, како што вели самиот е неговата сајбер канцеларија./М.М.

You may also like

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

Comments are closed.