Бела Хадид е новото лице на Alo во кампањата за есенската колекција на брендот, снимена во Лос Анџелес.
Соработката доаѓа природно, бидејќи парчињата на Alo одамна се дел од секојдневната гардероба на Хадид. Кампањата ги претставува повеќе модели од препознатливата комбинација на спортска и секојдневна облека на брендот.
Моделот е претставен во поопуштено издание, инспирирано од лежерниот стил на градот во кој и таа и Alo имаат свои корени.
Хадид со години е еден од моделите кои силно влијаат врз таканаречениот “model-off-duty“ стил – комбинации што се носат надвор од модните писти, но често стануваат тренд сами по себе. Alo во последните кампањи ангажираше и други познати имиња од светот на модата, меѓу кои Амелија Греј и Лила Мос.
Кампањата доаѓа само неколку недели откако Alo ја претстави првата колекција очила за сонце, со што брендот продолжува да го проширува својот асортиман надвор од спортската облека.
![]()
Фото: Alo



















