Crystal Swell

Crystal Swell е новата инсталација со кристали што се прелеваат во повеќе бои и е поставена на аеродромот во Лос Анџелес. Долга е 17 метри, креирана од Precios и тежи цели четири тони.

Се работи за голема кристална композиција  што се спушта низ трите ката на аеродромот и со постојаното прелевање на боите стана нов печат на аеродромот.

Авторот на делото, Preciosa, истакнува дека Crystal Swell e инспириран од океанските бранови на блиското крајбрежје. На создавањето на ова уметничко дело работеа тимови инженери, дизајнери и уметници, со цел да се добие спектакуларна композиција сосатавена од метални траки обвиткани со кристални призми./M.M.

Crystal Swell

You may also like

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

Comments are closed.