Амарантот е древно растение со потекло од Јужна и Централна Америка. Го одгледувале Ацтеките, додека денес е дел од исхраната на луѓето во Индија, Кина, Русија и Африка.
Иако неговото зрно наликува на киноа или леќа, амарантот не е житарка. Има голем број на диви и култивирани видови, а на овие простори најпознат е црвениот амарант.
Семките на амарантот наликуваат на леќа, не содржат глутен, па луѓето кои се со глутенска ентеропатија можат слободно да го користат во исхраната. Се препорачува и на трудниците, како и на малите деца.
Со високата концентрација на квалитетни протеини, амарантот надминува многу житни култури. Содржи и лизин, есенцијална киселина, која ретко се наоѓа во растенијата. Иман околу осум проценти маснотии, од кои 75 проценти се незаситени масни киселини.
Амарантот има многу минерали: на прво место е сулфурот, кој го помага лачењето на црниот дроб и жолчката. Магнезиумот е одговорен и за учество во ензимските процеси, го намалува холестеролот и е неопходен за нормална функција на витаминот Ц и дејството на витаминот Б1. Природен извор е на железо, како и на калциум и калиумот . Цинкот од ова растение учествува во создавањето на колаген, го помага метаболизмот на протеините, јаглехидратите и фосфорот. Содржината на бакар, фосфор и селен го поттикнува формирањето на коските и синтезата на хемоглобинот, ја поттикнува нервната активност, растот и поправката на клетките, го зајакнува имунитетот… Витамините од групата Б, како и витамините А, Е и Ц во неговиот состав дополнително придонесуваат за доброто здравје.
Тешко е да се набројат лековитите ефекти што амарантот ги има врз човечкото тело, но и самиот прекар – храна на боговите, зборува за исклучителниот квалитет. Освен што го зајакнува нервниот систем, позитивно влијае и на функциите на мозокот и метаболизмот. Го зголемува имунитетот и дава сила. Се препорачува во исхраната на децата, трудниците и постарите лица.
Последните неколку години, неговото брашно се повеќе го користат кулинарските мајстори, така што амарантот се користи за подготовка на колачи и тестенини, а целото зрно за разни јадења.
Листовите од амарант исто така имаат исклучителна хранлива вредност – се користат свежи и зачинети, како салата.
За да го зготвите семето од амарант, ставете го во зовриена вода во сооднос еден спрема три. Гответе во покриен сад, на тивок оган, околу половина час, а потоа оставете го да отстои уште десетина минути. Додадете зачини по желба./М.М.
More in:Здравје
Кафето и соковите го зголемуваат ризикот од мозочен удар, чајот штити!
Премногу кафе и соk се поврзани со зголемен ризик од мозочен удар, додека чајот може ...
Темна страна на светлината
Ноќното осветлување влијае врз здравјето – новите студии ја поврзуваат ноќната светлина со ризикот од ...
Paingone Plus ослободува од болка!
Доверливата TENS терапија што со децении се користи за брзо ублажување на болката, со Paingone ...
Bril – заштита од микроби на четките за заби
Bril е ново средство за дезинфекција на четкичката за заби што користи клинички докажана технологија ...