Џон Галијано објави дека изложбата посветена на неговото творештво во њујоршкиот Metropolitan Museum of Art (Met Gala), планирана за 9 мај 2027 година, нема да се одржи.
Одлуката доаѓа по реакциите на еврејските заедници и дел од спонзорите на изборот на Галијано за тема на изложбата, со оглед на настан од 2011 година, кога францускиот суд го прогласи за виновен за говор на омраза поради расистички и антисемитски изјави. Сето тогаш доведе и до негово отпуштање од функцијата креативен директор на Christian Dior.
По многу размислување и разговори со сите инволвирани, со голема тага одлучив дека најдобро е изложбата да не се одржи во овој момент, се вели во изјавата на Галијано, пренесена од светските медиуми.
Не сакам дебатата околу мене да го стави Met Gala во тешка позиција или да го одвлекува вниманието од извонредната работа на Costume Institute. Исто така, разбирам и го почитувам фактот дека изложбата посветена на мојата работа за некого би била болна.
Разбирам и дека искупувањето не се постигнува преку изложба, институционално признание или еден јавен гест. Тоа е трајна одговорност, која се покажува преку слушање, учење и однесување низ времето.
Длабоко сум благодарен на Metropolitan Museum of Art за огромната чест што ми е укажана со предлогот да биде организирана изложба посветена на мојата работа. Тоа што моето творечко патување го препозна институција на која ѝ се восхитувам цел живот ме трогна повеќе отколку што можам да изразам.“
Директорот и извршен директор на Met Gala, Макс Холeјн, потврди дека музејот и Галијано заеднички одлучиле да не продолжат со разговорите околу организирањето на изложбата.
Одлуката уследи по зголемениот отпор во Њујорк, особено од еврејски лидери, а според The New York Times, дел од донаторите на музејот предупредиле дека би можеле да ја повлечат финансиската поддршка доколку се одржи изложбата .
Од Met Gala соопштија дека деталите за изложбата на Costume Institute и Met Gala во 2027 година дополнително ќе бидат објавени./М.М.



















