Главните beauty трендови за сезоната ја инспирираа празничната колекција MY CHRISTMAS WISH – Holiday Make Up 2025
Во декември 2025, светските модни и beauty редакции го истакнуваат сјајот, светлината и празничната магија како главни трендови на шминката за сезонава. Најактуелно е да се постигне glowy skin, со минималистички, но ефектен highlight, додека очите се нагласуваат со металик сенки во нијанси како злато, смарагдно зелено или сафирно сино. Усните оваа сезона се носат во пригушени црвени тонови или со блескав ефект, додека ноктите добиваат празнична длабочина со лакови во brick red и металик нијанси.
Како пример за празнична колекција, брендот WYCON Cosmetics ја претстави линијата MY CHRISTMAS WISH – Holiday Make Up 2025, која вклучува палети сенки, highlighter-и, кармини и сјаеви, замислени да создадат магичен празничен изглед кој лесно се адаптира од дневни до вечерни комбинации.
Колекцијата е достапна со визуелни материјали на официјалната страница на брендот: (https://www.wyconcosmetics.com/en-na/collections/my-christmas-wish).



















