Годинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола.
Фестивалот ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.
Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура.
Фестивалот ќе биде своевидно музичко патување низ времето со хитовите на Забрањено пушење, како и со најдоброто од Игор Џамбазов, придружуван од неговиот Гуру Хари, а секако и со анегдотите од неговата над 30-годишната кариера.
Влезниците за С.О.С фестивалот веќе се пуштени во продажба, и тоа онлајн преку мрежата на mktickets.mk и во продажните салони на mktickets.mk. До 10. мај ќе се продаваат по промотивна цена, по 600 денари.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.