Научно-фантастичните соништа за летачко такси набргу можат да станат реалност. Со оглед на тоа што Uber и Boeing развиваат летачки такси eVTOL (електрично вертикално полетување и слетување), еден извештај предвидува дека до 2040 година ќе работат 430.000 такви возила низ целиот свет. Предвидувањето е резултат на постојаниот забрзан развојот и тестирање на дронови, а проценетата вредност на овој пазар на глобално ниво до 2028 година изнесува 5,6 милијарди долари.

За да се справат со барањата на иднината, во која беспилотните летала и летечките такси ќе го делат воздушниот простор над прометните населби, поборниците на технологијата велат дека градовите ќе треба да изградат многу мини аеродроми, наречени „скај-пристаништа“. Овие мини аеродроми ќе бидат потребни за да може таксито да слета на местата каде што луѓето сакаат да одат.
Фирмата со седиште во Калифорнија, Joby Aviation, според ВВС, е меѓу првите во развојот на летечки такси, со околу илјада тест летови на својот eVTOL. Компанијата се надева дека ќе добие одобрение од американскиот регулатор, Федералната управа за авијација (FAA), за да започне комерцијални операции во 2024 година. Летачкото возило на Joby може да превезува четири патници, да патува со брзина до 322 км/ч и има опсег од повеќе од 241 километри.

Летечкото такси на Joby на електричен погон изгледа како хеликоптер и авион со фиксни крила. Joby веќе соработуваше со американската компанија за паркирање Reef Techology со цел паркиралиштата да ги претвори во skyports. Сличен договор е потпишан со компанија која има свои паркиралишта во Њујорк.
Иако мрежата на skyports може да изгледа загрозувачка за околината, концептот веќе добива значително внимание од голем број американски градски администрации. Хјустон, Лос Анџелес и Орландо веќе објавија планови за воспоставување инфраструктура за летечки такси и други слични возила.

Во Обединетото Кралство, плановите за изградба на првиот скај-пристаниште во земјата во Ковентри, во близина на градскиот рагби и фудбалски стадион, имаат поддршка од британската влада. Сакајќи да стане првиот светски оперативен центар за летачки такси и товарни дронови, дизајниран е од Hyundai и британската компанија Urban Air Port (фирмата го има регистрирано името како заштитен знак). Скај-пристаништето, наведено како „најмал аеродром во светот“ се предвидува да биде реплицирано низ целиот свет, за да се намали и сообраќајниот метеж и загадувањето на воздухот од автомобилите и камионите.

Дизајнерите на проектот веруваат дека концептот ќе покаже како мрежата на мали центри за урбана мобилност може брзо да се постави во градови со различни големини. „Нашата цел е да покажеме дека времето на пресврт може да биде апсолутно минимално, така што брзо ќе се добие инфраструктура со висок капацитет што може да ги поддржи возилата“,„Тие вклучуваат јавно прифаќање, производство со голем обем, инвестиции во дигитална, електрична енергија и физичка инфраструктура и развој на високо автоматизиран систем за управување во воздушниот сообраќај./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.