Мода вестиМоден мозаик

Моделс ИН Менаџмент: Елена Реи во Кина и Јужна Кореја

Поради низа околности, како справување со пандемијата, а и состојбата во Украина, модната индустрија се наоѓа во прилично тешка состојба.

Со многу напор моделите се одлучуваат да заминат да работат на интернационалниот пазар. Сепак, и во вака тешки услови и околности многу модели веќе заминаа во странство.
Во моментов нашиот најуспешен топ модел Елена Реи се наоѓа во Кина, во градот Гуангжоу каде што работи на нова кампања. Пред само две недели таа беше во Сеул – Јужна Кореја, на снимање за престижниот моден магазин Shinsegae. Токму за овој едиторијал Елена носеше стајлинзи на Lee Yoonkyung – трендовски комбинации на врвните брендови како TOM FORD, MIU MIU & GUCCI.

Нејзиниот престој во Сеул и донесе и голема модна кампања за раскошниот накит на Chopard. Така Реи повторно ги освојува светските модни центри, изјавуваат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент./М.М.

 

 

You may also like

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

Comments are closed.