Пет варијанти растителни напитоци од бадем и овес како практично решение за секојдневни оброци, кафе и десерти
Во време кога сè повеќе луѓе бараат разновидна и балансирана посна исхрана, растителните напитоци Имлек Оаза се вистинско практично решение што внесува нови вкусови и идеи во секојдневната исхрана. Станува збор за целосно природни растителни напитоци на база на бадем или овес, создадени да се вклопат во различни моменти од денот – од утринското кафе, преку брз појадок, до подготовка на смути и лесен десерт.
Палетата на Имлек Оаза опфаќа пет различни варијанти на вкусови, со што потрошувачите можат лесно да го изберат напитокот што најмногу им одговара на нивните навики и вкусови. Во понудата се овес, бадем, бадем без додаден шеќер, чоко бадем и овес бариста – варијанта
наменета за љубителите на кафе со богата пена и кремаста текстура, слична на онаа што се добива во кафулињата.
Посебно место има варијантата Овес Бариста, наменета за подготовка на различни кафе-напитоци во домашни услови. Со неа, утринското кафе може да добие карактер на вистински мал ритуал, со мазна текстура и пена погодна за капучино или лате. Една од едноставните идеи за подготовка е кафе лате со цимет или ванила – топлиот напиток Имлек Оаза Бариста што се пени и прелева врз еспресо, а на крај се додава цимет или малку какао.
Растителните напитоци може да се користат и како основа за различни појадоци, меѓу кои и овесната каша – еден од најчестите избори за посни денови. Со растителниот напиток кашата добива покремаста структура и побогат вкус. Една од препорачаните комбинации е овесна каша со
овошје и јатки, при што овесните снегулки се прелеваат со чоко бадем напиток, а потоа се додаваат банана, јаболко, суво грозје, ореви или лешници, со малку мед или сечкани урми како
завршен допир.
Напитоците Имлек Оаза се целосно природни и не содржат лактоза, што ги прави погодни не само за периоди на пост, туку и за лица кои одбегнуваат шеќер, како и за вегетаријанци и вегани. Со
петте достапни варијанти, овие напитоци нудат флексибилен избор за различни пригоди, со цел секој оброк – без оглед дали е посен или не, станува разновиден и вкусен.




















