Мода вестиМоден мозаик

Zimmerman за есенските денови нуди афмосфера од 70-тите и 80-тите

Zimmermann ја дополни и подготви за носење колекцијата есен / зима 21. Со повеќе видеа поставени на веб страната на модната куќа ни ја нуди на модерен начин елементите од 70-тите и 80-тите години.

https://www.zimmermannwear.com/eu/fall-2021-in-concert
Дизајнерката Nicky Zimmerman ни открива колекција во која владее нејзината страст за отисоци и текстури, како и за слоевит, софистициран изглед. Темите на колекцијата потекнуваат од расположението од музичките ТВ серијали од пред пет децении.Радоста и еуфоријата, стилизираните скици на касети и плеери, sвездите и музичкиот поп-арт се отсликуваат на облеката на накитот и на Zimmerman. Боите и текстурите коегзистираат во хармонија со типичните украси, кои се апсолутен потпис на Zimmerman. Златни мрежи, кристални копчиња, лелеави мини здолништа и складни комплети со кошули со карнери, градат екстравагантни силуети со посебен стил и елеганција./М.М.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.